• петок, 05 декември 2025

Изјава на кандидатот за градоначалник за Струга Арсим Далипи  (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)

Изјава на кандидатот за градоначалник за Струга Арсим Далипи  (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)

Струга, 2 ноември 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Општина Струга Арсим Далипи од Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ денеска гласаше во избирачкото место 1899 во селото Ливада.

За него ова е многу значаен ден за Струга, кога граѓаните преку нивниот глас одлучуваат за иднината на општината во наредните четири години.

- Ја користам приликата да се обратам на сите граѓани, без разлика Албанци, Македонци, Турци, Роми, Власи, Египќани, да гласаат мирно, одговорно, достоинствено и пред се со почитување еден спрема друг, бидејќи Струга секогаш била и ќе биде местото на соживотот и комбинација на многу култури и етникуми и како таква треба да биде и натаму пример, изјави Далипи. 

Тој посочи дека во текот на камањата одел од врата на врата, разговарал со луѓето и ја нудел неговата визија.

- Моето отворено срце и искреност за една подобра Струга, за една заедничка и подеднаква Струга. Околу мене се собрани млади, кои го сакаат нашиот град од душа и имаат визија за една Струга со подобра иднина. И јас сум убеден и верувам дека денес Стружани ќе одлучуваат токму за таа нова генерација, нова енергија и пред се довербата за чесно работење, додаде Далипи. сс/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан